Фудбал
Милан го позајми Бенасер на Динамо

Алжирскиот репрезентативец Исмаел Бенасер дојде во Динамо како позајмен фудбалер од италијански Милан, објави клубот од Загреб.
Дваесетиседумгодишниот алжирски репрезентативец доаѓа на „Максимир“ на едногодишна позајмица, со опција за откуп на неговиот договор со италијанскиот клуб.
Бенасер, кој има важечки договор со Милан уште две години, има бруто плата од седум милиони евра, а според хрватските медиуми, Динамо ќе покрие само дел од таа сума.
Рокот за регистрација на играчи за настап во европски купови е поминат и поради тоа Алжирецот нема да може да настапува за Динамо во првите осум натпревари во Лига Европа, но ќе може да игра доколку загрепскиот клуб влезе во плејофот.
септември 6, 2025