Connect with us

Фудбал

Аргентински Индепендиенте дисквалификуван од Копа Судамерикана

Аргентинскиот фудбалски клуб Индепендиенте е дисквалификуван од овогодишното издание на Копа Судамерикана по насилните судири меѓу навивачите за време на натпреварот против Универсидад де Чиле пред две недели во близина на Буенос Аирес, објави Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).

Во судирите меѓу навивачите на Индепендиенте и Универсидад де Чиле беа повредени 19 лица. Аргентинскиот клуб, исто така, ќе мора да ги игра своите следни 14 натпревари на турнирите во организација на КОНМЕБОЛ без присуство на домашни навивачи и да плати казна од 250.000 долари, соопшти Јужноамериканската фудбалска федерација.

Раководното тело на јужноамериканскиот фудбал, исто така, го казни чилеанскиот клуб со 270.000 долари, а двата тима ќе играат седум домашни натпревари без публика и седум гостувања без свои навивачи.

Натпреварот што се играше на 20 август беше прекинат при резултат 1-1 беше во корист на чилеанскиот тим, кој го доби првиот натпревар со 1-0 и во четвртфиналето ќе се соочи со Алијанц Лима од Перу.