Connect with us

Фудбал

Алими: Најважно е да ги освоиме бодовите против Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација по вчерашниот пораз (1-2) од Саудиска Арабија во пријателскиот натпревар одигран вчера во Прага ги продолжи подготовките пред дуелот со Лихтенштајн.

–  Нормално, кога губиш не е добро. Саудиска Арабија е добар тим, а ние почнавме со неколкумина нови фудбалери во почетниот состав. Беше добар тест за нас, да видиме до каде сме и треба да анализираме што не беше добро за да не се повтори на следните натпревари. Сега секоја репрезентација е сериозна, но со Лихтанштајн ние треба да победиме, не е важно дали е 1:0, 3:0 или 5:0, најважно е бодовите да останат во Скопје. Тоа е целта за овој натпревар, изјави репрезентативецот Исник Алими.

Натпреварот се игра во в недела со почеток во 18 часот на Националната Арена „Тодор Проески“. Дуел ќе го суди романскиот судија Хоратиу Фешник.