Connect with us

Фудбал

Португалецот Силва од Вулверхемптон во Дортмунд

Португалскиот напаѓач Фабио Силва го напушти англискиот прволигаш Вулверхемптон и потпиша договор со бундеслигашот Борусија Дортмунд до јуни 2030 година, јави новинската агенција ДПА.
Трансферот е вреден 22,5 милиони евра, но ќе вклучува и дополнителни бонуси.
Силва дојде во англискиот клуб во 2020 година, но последните три години ги мина на позајмици во Андерлехт, ПСВ Ајндховен, Ренџерс и Лас Палмас.
„Знам дека Борусија Дортмунд е клуб со страсни, неверојатни навивачи. За мене е чест да бидам дел од сето ова. Се надевам дека ќе се адаптирам што е можно побрзо. Ќе дадам сè од себе“, рече португалскиот интернационалец.