Connect with us

Ракомет

Квалификации Европска лига: Висок пораз на Алкалоид на гостувањето во Хановер

Со десет голови негатива се враќаат ракометарите на Алкалоид од првиот натпревар на гостински терен во квалификациите за пласман во Европската лига, откако вечерва загубија од домаќинот Хановер – Бургдорф со 37-27.

Избраниците на Кирил Лазаров на полувреме заминаа со негатива од четири голови (19-15), која пред сè се должеше на бројни неискористени идеални шанси за гол.

Алкалоид ја одржуваше негативата од четири голови до средина на второто полувреме кога бундеслигашот влезе во серија од 7-3 и поведе со 30-22 за на крајот победата на Хановер да биде изразена со високи плус десет голови разлика.

Исландскиот бек Тордарсон бепе најефикасниот ракометар во редовите на Алкалоид со десет голови, додека Галевски запиша осум одбрани на голот.

Реваншот во Скопје е закажан за 6 септември со почеток во 19:30 часот.