Connect with us

Фудбал

Четвртолигашот Гримсби Таун испиша историјата со елиминацијата на Манчестер јунајтед во англискиот Лига Куп

Четвртолигашот Гримсби Таун го направи најголемиот подвиг во клупската историјата, откако синоќа со по изведување пенали 12-11 (2-2, 2-0) го елиминираше Манчестер јунајтед во второто коло од англискиот Лига Куп.

Нискобуџетниот клуб од источниот брег на Англија ја најави сензацијата веќе во првото полувреме во кое обезбеди предност од 2-0. Домашниот тим поведе во 22 минута со голот на Чарлс Вернам, а само осум минути подоцна Тајрел Ворен постигна гол за 2-0.

Рубен Аморим направи тројна замена на полувремето, а Јунјатед ја преполови негативата во 75 минута преку Брајан Мбеум, пред Хари Магваер да израмни во 88 минута и да го однесе натпреварот во пенал серијата.

Домаќините први промашија, откако Онана го одбрани ударот на Кларк Оудор во третата серија. Јунајтед имаше сè во свои раце, но Матеус Куња не реализираше во петтата серија. Победникот беше одлучен дури по 26 пенали, кога Дараг Бернс постигна гол во 13 серија, а Мбеумо ја погоди стативата за голема радост на домашните навивачи на „Бландел Парк“.