Connect with us

Фудбал

Хојлунд пред трансфер во Наполи

Италијанскиот шампион Наполи би можел до крајот на оваа недела да го финализира трансферот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд (22), откако англискиот клуб го донесе во своите редови словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко.
Данскиот интернационалец треба да му се приклучи на Наполи на едногодишна позајмица, а италијанскиот клуб ќе мора да го откупи неговиот договор следното лето, јавија денеска италијанските медиуми.
Медиумите проценуваат дека Наполи ќе мора да плати 45 милиони евра отштета за Хојлунд.
Данскиот напаѓач има искуство играјќи во Италија, откако мина една сезона (2022/23) во Аталанта.