Connect with us

Фудбал

Маркоски веќе не е тренер на Работнички

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички ќе ја продолжи сезоната со нов тренер, откако клубот денеска спогодбено ја раскина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Бојан Маркоски.

Работнички под водство на Маркоски претрпе рана елиминација во Конференциската лига со два порази во воведното коло од белоруски Торпедо Белаз, а во домашното првенство освои само бод во воведните три кола.

„ФК Работнички ја информира јавноста дека спогодбено го раскина договорот со шефот на стручнито штаб Бојан Маркоски. Клубот му посакува сè најдобро во следните предизвици“, се наведува во клупското соопштение.

Работнички во 4 коло во Првата македонска лига ќе му биде домаќин на актуелниот шампион Шкендија на 31 август.