Фудбал
Ливерпул попушти, Цимикас ќе биде позајмен на Рома

Англискиот првак Ливерпул попушти во преговорите со Рома околу грчкиот дефанзивец Костас Цимикас, кој треба да му се приклучи на римскиот клуб на едногодишна позајмица.
Иако не му е потребен на тренерот на Ливерпул, Арне Слот, раководството на англискиот клуб инсистираше дека Рома мора да го откупи договорот на Цимикас на крајот од позајмицата. Сепак, Ливерпул се предомисли и ќе дозволат грчкиот репрезентативец да се приклучи на Рома на позајмица без какви и да е дополнителни обврски, јавија денеска италијанските медиуми.
Цимикас се приклучи на Ливерпул во летото 2020 година од Олимпијакос во трансфер вреден 13 милиони евра. Минатата сезона имаше скромна минутажа под водство на тренерот Слот.
Грчкиот фудбалер има договор со Ливерпул со важност до јуни 2027 година.
август 30, 2025