Фудбал
Голманот Тенас од ПСЖ во Виљареал

Шпанскиот голман Арнау Тенас, кој беше дел од репрезентацијата што ја освои олимписката титула во Париз лани, ги напушти редовите на европскиот првак ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи во Виљареал, потпишувајќи четиригодишен договор.
Тенас пристигна во ПСЖ од вториот тим на Барселона пред две години и за клубот од Париз собра седум настапи, од кои само еден беше минатата сезона во која имаше статус на трет голман зад Џанлуиџи Донарума и Матвеј Сафонов.
Иако Донарума го напушта ПСЖ, оваа сезона во клубот пристигнаа и Ренато Марин и Лукас Шевалие со што статусот на Тенас дополнително се влоши и затоа одлучи да ја смени клупската средина.
Вредноста на трансферот се проценува на шест милиони евра.
август 30, 2025