Connect with us

Сцена

Елен Деџенерис потврди дека се преселила во Англија поради Трамп

Американската ТВ-водителка Елен Деџенерис се појави во јавноста, првпат откако се пресели во Велика Британија. Пред насобраните луѓе во Челтнам, таа вели дека решила да го промени домот за оној во Англија, денот кога Доналд Трамп беше повторно избран за претседател на САД.

Комичарката и водителка нагласи дека „животот е едноставно подобар“ во Велика Британија. Таа додаде дека со својата сопруга Порша де Роси размислуваат повторно да се венчаат – и во Англија, по некои потези на властите во САД против правото на истополов брак. Водителката, која се наоѓа некаде на средината на седмото десетлетие од својот живот, изјави дека таа и Де Роси првично планирале да останат три – четири месеци во Велика Британија и купиле нешто што мислеле дека ќе биде „куќа за кратко“…

– Стигнавме тука денот пред изборите и се разбудивме со многу пораки од нашите пријатели со расплакани емотикони… Па, јас ѝ велам: „(Трамп) Победи“… Потоа си велиме: „Остануваме тука“, се присети Деџенерис.

Таа, исто така, се осврна на обвинувањата за штетна работна атмофера, што водеа до крајот на нејзината долгогодишна забавна емисија во 2022 година. Таа, имено, призна дека може да биде „многу директна“ личност, но ги отфрли тие приказни како „мамка за кликови“ (‘кликбејт’).