Connect with us

Свет

Ричард Гир: Трамп е манијак кој уништува се што е добро

Американскиот актер Ричард Гир, вчера на јавна трибина во Осло го нарече американскиот претседател Доналд Трамп манијак кој уништува сè што е добро.

– Го преживуваме најмрачниот момент што сум го видел на оваа планета. Кој би помислил дека Америка може да доживее ваков пресврт? Кој би помислил дека таков манијак може да стане претседател на САД?, изјави 76-годишниот актер.

Гир престојуваше во Норвешка по повод учеството на „Форум за слобода во Осло“, каде што ја додели Меѓународната награда „Вацлав Хавел“ за креативен дисидентски ангажман на кинескиот уметник Гао Жен, затворен во својата земја, како и на дисидентот Сај.

– Од првиот ден тој човек уништи речиси сè добро што постоеше во Американската влада и Американското општество. Како воопшто беше можно тоа? Затоа што заспавме. Не се грижевме. Не гласавме. Не слушавме доволно внимателно, изјави Гир, признавајќи дека ни самиот не направил доволно за да ги мобилизира луѓето околу себе.

Актерот неодамна го посетил поранешниот нацистички концентрационен логор „Споменик на поранешниот концентрационен логор Дахау“. Тој предупреди на опасностите од општествената апатија и на знаците на авторитаризам.

– Мора да ги препознаеме знаците од оваа диктатура на чудовиште и колку брзо се зацврстува. Мора да останеме будни, порача Гир. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1