Connect with us

Свет

Претседателката Шајнбаум ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на Мексико

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на нејзината земја, јави ДПА.

„Ние не прифаќаме мешање. Ние сме слободна, независна и суверена земја“, им рече Шајнбаум на поддржувачите синоќа на митинг во Мексико Сити по повод втората годишнина од нејзината изборна победа.

Претседателката рече дека агенција на Министерството за правда на САД побарала апсење на 10 Мексиканци заради нивна  екстрадиција. Според Шајнбаум, меѓу нив се гувернер, градоначалник и актуелен сенатор. Таа не ги именуваше ниту даде дополнителни детали. Информациите првично не можеа да бидат независно потврдени, пренесе ДПА.

Ако странските земји одлучат кој е виновен, а кој не, или извршат притисок врз мексиканските институции, тогаш тоа повеќе не е соработка, туку мешање, рече Шајнбаум.

„Мексико не е ничија пињата“, додаде таа. (Пињата е фигура, која често ја удираат децата со стапчиња додека од неа не испадат слатки).

Претседателката ги повика своите поддржувачи во наредните недели да одржат информативни настани на јавни плоштади за да ја објаснат одбраната на националниот суверенитет.

Нејзините коментари доаѓаат во време на растечка дебата во Мексико за странското влијание на изборите.

Парламентот неодамна одобри уставна реформа поддржана од владејачката партија Морена на Шајнбаум, која би дозволила поништување на изборите доколку се докаже странско мешање, потсети ДПА.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1