Connect with us

Свет

Разрешениот лидер на турската опозициска Републиканска партија, Озгур Озел, ги предводеше демонстрациите во Анкара

Разрешениот лидер на турската опозиција Озгур Озел денеска демонстрираше со своите поддржувачи во Анкара и покажа дека сè уште има силна политичка поддршка.

Појавувањето на Озел привлече илјадници негови поддржувачи и гласачи на главната опозициска партија РХП во Анкара и покрај судската одлука со која беше отстранет од функцијата, објавија британските медиуми.

По обраќањето пред толпата, Озел предводеше марш низ турската престолнина и покрај судската одлука од минатата недела со која го отстрани од функцијата лидер на РХП.

Судот ги поништи одлуките од конгресот на партијата РХП во 2023 година и одлучи да го врати на функцијата поранешниот претседател на партијата Кемал Киличдароглу, контроверзна личност во партијата и кандидат кој загуби од Ердоган на изборите во 2023 година.

Се смета дека најновата одлука на турскиот суд ќе ги зголеми шансите на Ердоган да го продолжи своето дведецениско владеење.

Киличдароглу, пак, денеска го посети седиштето на партијата РХП, за прв пат по пресудата, и вети дека ќе ја исчисти партијата од корупција, додека заменетото раководство на РХП ги негира неговите обвинувања, нарекувајќи ги политички мотивирани.

Додека Киличдароглу зборуваше покрај седиштето на РХП, Озел се обрати пред толпа од десет илјади луѓе пред покраинската канцеларија на партијата во Анкара и повика на итен партиски конгрес, поздравен со скандирања „Лидер Озгур“ и „Предавник Кемал“.

Потоа ги поведе своите следбеници на мирен марш до Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција и РХП.

Градоначалникот на Анкара, Мансур Џавас, кој се смета за најголем политички ривал на Ердоган, исто така се придружи на протестот и повика на итно свикување партиски конгрес.

Ad
Ad