Connect with us

Свет

Во Украински напади со дронови предизвикани пожари во индустриски објекти на неколку руски региони

Неколку руски региони утринава пријавија пожари и штети по бранот украински ноќни напади со беспилотни летала, јави ДПА.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, претходно вети дека ќе ги интензивира нападите со беспилотни летала на руска територија.

Во градот Волжски, во рускиот Волгоградски регион, еден маж беше убиен во фабрика за синтетички влакна, изјави гувернерот Андреј Бочаров, додавајќи дека една жена претрпела сериозни повреди и е однесена во болница.

Бочаров, исто така, пријави пожар во ненаведен енергетски објект во јужниот Волгоградски регион. Оштетена е и станбена зграда.

Властите во Јарославскиот регион соопштија дека индустриските складишта за гориво биле погодени во, како што гувернерот Михаил Јевраев опиша, голем украински напад со беспилотни летала. Пожарот е изгаснат и нема пријавени повредени, но патот што го поврзува регионот со Москва беше привремено затворен, изјави губвернерот.

Во пристанишниот град Темрјук, остатоци од соборен украински дрон предизвикаа пожар, соопштија тамошните власти. Нема пријавени повредени во ова одморалиште на Азовско Море.

Според руското Министерство за одбрана, нападите со украински беспилотни летала биле насочени кон 13 руски региони. Како што е вообичаена практика, не е откриен вкупниот број на беспилотни летала лансирани од Киев, ниту се дадени детали за успешните напади. Но руското МО наведе дека се соборени 208 украински беспилотни летала.

Од друга страна, ДПА, пренесува дека украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта ја нападнала Украина со балистичка ракета „Искандер“ и 232 беспилотни летала. Оттаму наведуваат дека се неутрализирани 217 беспилотни летала, иако се регистрирани некои напади. Војската не даде детали за погодените локации или за обемот на штетата.

Според Зеленски, нападите врз објекти поврзани со руската нафтена индустрија имаат за цел да ги намалат приходите на Москва од извоз на енергија, кои помагаат во финансирањето на нејзините воени напори.

Зеленски, исто така, рече дека кампањата за интензивирање на нападите врз Русија има за цел да го зголеми притисокот врз Кремљ да ја доведе на преговарачка маса и да обезбеди она што го опиша како праведен крај на војната, потсетува ДПА

Маркетинг
Ad 1
Ad 1