Свет
Мелони го осуди рускиот напад врз Украина со ракета „Орешник“
Италијанската премиерка Џорџа Мелони силно го осуди рускиот напад врз Украина, во кој беше употребена ракета „Орешник“.
„Силно го осудувам тешкиот руски напад кој повторно ја погоди цивилната инфраструктура во Украина, во услови на континуирана ескалација на употребеното оружје. Остануваме солидарни со украинскиот народ, кој веќе повеќе од четири години ги поднесува драматичните последици од оваа агресивна војна“, се вели во соопштение објавено од кабинетот на Мелони.
„Ќе продолжиме одлучно да работиме заедно со европските и меѓународните партнери за да го поддржиме патот кон праведен и траен мир“, се додава во текстот.
мај 25, 2026
