Свет
Италијанската полиција разби мрежа за „стриминг пиратство“
Италијанската финансиска полиција изврши повеќе од 100 претреси во рамките на големата операција против нелегален стриминг, насочена кон околу 1.000 корисници на така наречени пиратски претплати.
Операцијата била насочена кон нелегален пристап до платени услуги што ги нудат неколку добро познати провајдери на стриминг.
Обвинителството во Болоња соопшти дека операторите користеле нова техника во која клиентите инсталирале одредена апликација, со која нивните уреди се поврзувале со странски сервери за да отклучат шифрирана содржина и да ги заобиколат безбедносните проверки на платформите.
Повеќе од 70 осомничени продавачи нуделе претплати од 40 до130 евра, а плаќањето се вршело и со криптовалути или преку странски сметки.
Се проценува дека финансиските загуби на погодените компании изнесуваат околу 300 милиони евра.
За време на претресите, полицијата успеа да заплени значителна количина докази, за кои се очекува да дадат дополнителни траги. Првите 1.000 идентификувани корисници ќе бидат казнети со парична казна до 5.000 евра.
мај 23, 2026
