Connect with us

Општини

Општина Велес ги награди најдобрите ученици и просветни работници за Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

Во пресрет на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј Општина Велес опладнево традиционално ги награди најдобрите ученици и наставници во оваа учебна година. За најдобри беа прогласе и наградени Марија Талевски (ученик во основно образование), Лука Коциќ (ученик во средно образование). Андријана Јорданова (наставник во основно образование во одделенска настава), Бојанка Џипунова-Ташова (наставник во основно образование по предметна настава) и Елизабета Николовска (наставник во средно образование).

Градоначалникот Марко Колев им ги честита признанијатасо порака во иднина да бидат нивни поттик за уште поголеми успеси.

– Револуционерите на светската мисла, кои со глаголицата ги поставија темелите на писменоста, јазикот и идентитетот на многу народи, не задолжија да го чуваме делото. Наша одговорност е и понатаму да вложуваме во образованието и зачувувањето на македонскиот јазик и идентитет. Делото на Светите Кирил и Методиј е вечно и обединува. Чувајте го словото! За многу години!, порача Колев.

Во  чест на наградените  свеченото чествување го заокружи училишниот бенд од ООУ „Блаже Конески” Велес, под менторство на наставникот Петар Марковски.