Connect with us

Општини

Општина Тетово го одбележа Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј

Просветни работници и успешни ученици добија благодарници и пофалници по повод  Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј од Општина Тетово. 

По повод Денот на сесловенските просветители, Кирил и Методиј, Општина Тетово во соработка со основните училишта организираше свечен настан посветен на нивното значајно дело и просветителска мисија. 

Во рамки на свеченоста, градоначалникот Биљал Касами им додели благодарници на просветни работници за нивниот посебен придонес во образованието, како и на ученици за постигнатите успеси и учеството во програмата. 

– Настанот беше збогатен со литературни, драмски и музички изведби на учениците, кои преку своите настапи го истакнаа значајниот придонес Кирил и Методиј –  соопшти Општина Тетово преку Фејсбук. 

 Во градот Тетово постои и основно училиште кое го носи името на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1