Connect with us

Општини

Министерот Хоџа иницира редовен дијалог со граѓанските организации за животна средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска одржал прва координативна средба со претставници на граѓански организации кои работат во областа на заштита на животната средина.

Средбата, информира ресорното Министерство, е дел од заложбата за воспоставување редовен, отворен и транспарентен дијалог со граѓанскиот сектор, со цел заедничко креирање политики и решенија.

Министерот Хоџа истакнал дека институциите мора да бидат достапни за сите засегнати страни, особено за организациите кои со години активно придонесуваат во заштитата на природата и ги следат состојбите на терен. Тој нагласил дека целта е создавање услови за зелен пресврт во државата, но дека таквите процеси не можат да се реализираат без активна соработка со граѓаните и граѓанските организации.

На средбата, претставниците на здруженијата ги споделиле своите предлози, приоритети и предизвици, при што е договорено ваквите координации да продолжат и во иднина како редовна платформа за комуникација и партнерство.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1