Connect with us

Свет

Петер Маѓар им ги одзеде отпремнините на поранешните министри на Орбан

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар одби да ја потпише документацијата за исплата на со закон предвидените отпремнини за министрите од поранешната влада на Виктор Орбан, предизвикувајќи политички спор кој кулминираше со неочекувани хуманитарни гестови од двете страни.

Маѓар објави дека вкупниот фонд за отпремнини од речиси милијарда форинти (околу 2,6 милиони евра) наместо на поранешните функционери, ќе биде пренасочен во хуманитарни цели. Во објава на Фејсбук, новата власт директно го прозва Орбан дека според имотниот лист нема речиси ништо на свое име, но имал право на 38 милиони форинти отпремнина според закон што сам го донел, порачувајќи му дека „нема да ги добие“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1