Connect with us

Општини

Саем на занаетчиство во Гостивар „Занаетот не те остава без леб“

Во Гостивар денеска е отворен еднодневен саем на занаетчиството под мотото „Занаетот не те остава без леб“ за промоција на занаетите. Во малиот парк на градскиот плоштад беа поставени дваесетина штандови на кои беа изложени предмети и производи кои главно се изработени од човечка рака.

Саемот на занаетчии го организираа невладината организација Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) во соработка со општина Гостивар и Регионална занаетчиска комора Гостивар-Кичево.

– Овој настан е во насока на промовирање и зачувување традиционалното занаетчиство како културно-историско наследство. Од друга страна пак и афирмирање на малите и средни претпријатија на локално ниво, рече Љуљзим Хазири, извршен директор на АДИ.

Тој посочи дека саемот е наменет и за младите кои на ваков начин би се заинтересирале да почнат изучуваат некој занает што би им било идна професија и можност за водење сопствен бизнис, а со тоа и да останат во татковината.

Покрај шивачи и бравари, на штандовите имаше и изработувачи на накит, столари, часовничари, произведувачи на прехранбени артикли и други занаетчии. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1