Connect with us

Општини

Мечка се шета низ улиците во Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Снимена е мечка како трча низ улицата Македонска фаланга кај Градскиот парк во Битола и објавена на социјалните мрежи. Снимките презивикаа вознемиреност кај битолчани зашто паркот е доста фреквентно место, често посетено и од родители со мали деца и пензионери, а на истата улица каде беше снимено животното се наоѓаат и Средното медицинско училиште и Техничкиот факултет, а во непосредна близина и средношколскиот дом „Мирка Гинова“.

Од СВР Битола велат дека случајот е пријавен кај нив, а од Општината дека контактираат со надлежни иснтитуции за да бидат преземени соодветни мерки.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1