Општини
Во Битола одбележан 20-ти мај, ден на македонските пожарникари
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Битола денеска го одбележаа 20-ти мај – Денот на македонските пожарникари.
На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица цвеќе на спомен плочата положија градоначалникот Тони Коњановски, делегација на Советот на Општина Битола предводена од претседателот Бојан Бојкоски, советници и други делегации, како и градоначалниците од Новаци и Могила.
-Ова е најстарата противпожарна едница во Македонија и една од најстарите на Балканот, формирана во 1836 година. Генерации пожарникари ја граделе и одржувале оваа служба, која денеска претставува пример за организираност и постојана подготвеност за брзо и ефикасно делување. Како што е познато привршуваат работите на новата противпожарна зграда во некогашната касарна. Таа е изградена со средства од Општина Битола, а опремувањето ќе биде со средства од Министерството за одбрана на САД, истакна градоначалникот Коњановски.
На денешната свеченост, Коњановски додели златни плакети од Општина Битола на Горан Димкоски за посебен придонес, посветеност и професионалност во работењето и на Костадин Поповски за посебен придонес во развојот и напредокот на ТППЕ Битола
мај 21, 2026
