Connect with us

Фудбал

Фрајбург и Астон вила во борба за трофејот во Лига Европа

Астон Вила ќе игра против Фрајбург во финалето на Лигата Европа во Истанбул. Натпреварот ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот на „Водафон Парк“ во Истанбул.

Тренерот на Астон вила четири пати ја освои Лигата на Европа – три пати со Севилја (2013/14, 2014/15 и 2015/16) и еднаш со Виљареал (2020/21). 

Емери беше финалист во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување во Европа со Арсенал во 2018/19 година.

– Не сум крал на ова натпреварување. Сега пишувам ново поглавје со Астон вила и сè што сум направил е завршено. Тоа е во минатото. Треба да победам утре со играчите што ги имаме. Значи, ова е нов пат, нов момент и, се надевам, нова ера. Не сакам премногу да зборувам за тоа што правевме претходно. Оваа сезона и нашите претходни натпревари во Конференциската лига и Лигата на шампионите покажуваат дека сме способни да играме на високо ниво, рече Емери.

Германскиот претставник предводен од Јулијан Шустер стигна до својот прв континентален финален меч, додека Астон вила е во своето прво финале на УЕФА откако го освои Европскиот куп во 1982 година. 

Победникот во Лига Европа обезбедува место во Лигата на шампионите следната сезона.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1