Connect with us

Кошарка

Њујорк го победи Кливленд во првиот натпревар од финалето на Источната конференција

Њујорк Никс ги победи Кливленд Кавалирс со 115:104 по продолжение во првиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА-лигата.

Натпреварот се одигра ноќеска во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Плејмејкерот на домашниот тим Брансон, постигна 38 поени, двоцифрени беа и Бриџис (18), Харт (13), Таунс (13 + 13 скока), Ануноби (13).

Во тимот на Кливленд се истакнаа Мичел (29 поени), Харден (17), А. Мобли (15 + 14 скока) и Мерил (12).

Вториот натпревар во серијата прв до четири победи ќе се игра на 22 мај. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1