Општини
Со саем на книги и едукативна работилница за најмладите одбележан Денот на Европа во Тетово
Во Јуроп Хаус (Europe House) во Тетово денеска Делегацијата на Европската Унија организираше саем на книга како начин да биде одбележан Денот на Европа 9 Мај. Под слоганот „Наша Европа. Заедно посилни”, Делегацијата на ЕУ во текот на месец мај споведува програма низ повеќе градови со низа активности и свечености организирани во соработка со мрежата на Јуроп Хаус и локалните власти.
-Уживајте во Еевропа со книга е насловен саемот на книгата со истакнати издавачки куќи, панел дискусии со познати автори, размена на книги, музика во живо и специјална детска програма. Предвидовме богата програма во која одржуваме целодневен Саем на книгата на кој учествуваат неколку истакнати издавачки куќи. За најмладите е организирана специјална детска програма, а ќе се одржи и панел дискусија. На неа ќе настапат писателите Коста Петров, Ксенија Николова и Флора Шабани. Тие ќе зборуваат за „страниците кои нè поврзуваат“ односно за тоа колку е важно да се читаат книгите и колку читањето влијае за развојот на младите посебно во денешно време кога тие големдел од времето го поминуваат пред екраните на мобилните телефони или компјутерите- велат од Јуроп Хаус Тетово.
Одбележувањето на Денот на Европа 2026 во Тетово ќе трае од 10 до 19 часот.
мај 19, 2026
