Connect with us

Свет

Платена кауција од 2,7 милиони евра за поранешниот шеф на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак

За поранешниот шеф на претседателскиот кабинет на Украина, Андриј Јермак, платена е кауција од 140 милиони гривни, која претходно му ја одреди Врховниот антикорупциски суд, соопшти Катерина Шипилова од прес-службата на Судот.

– Поранешниот шеф на претседателскиот кабинет е пуштен на слобода по уплатата на целосната кауција – изјави таа. Кауцијата од 140 милиони гривни одговара на износ од околу 2,7 милиони евра.

Јермак е осомничен во рамките на истрагата за наводно перење пари поврзано со изградбата на станбениот комплекс „Династија“ во близина на Киев. Според наводите на обвинителството, случајот се однесува на можни незаконски финансиски текови и злоупотреби во рамките на организирана група.

Тој беше уапсен откако на 11 мај украинското Специјализирано обвинителство за борба против корупцијата (САП) и Националното антикорупциско биро (НАБУ) го обвинија за кривично дело перење пари во особено големи размери, за кое законот предвидува казна затвор од осум до 12 години.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1