Свет
Пакистан достави до САД ревидиран ирански предлог за ставање крај на војната
Пакистан достави до САД ревидиран предлог на Иран за ставање крај на судирот на Блискиот Исток, потврди денеска неименуван пакистански функционер.
-Немаме многу време – рекол изворот на прашањето дали ќе биде потребно време да се надмине застојот.
Неименуваниот извор додал дека двете земји „постојано ги менуваат своите цели и услови“.
Претходно денеска командантот на Револуционерната гарда на Иран, генерал-мајор Мохсен Резаеи во интервју за иранската државна новинска агенција Тасним изјави дека „Американците мора да преземат конкретни акции во преговорите“ и порача дека Иран е „сериозен во преговорите, а уште посериозен во војната и одбраната на земјата“.
мај 18, 2026
