Connect with us

Свет

Брисел воведува нови правила при набавките на критични минерали за да ја намали зависноста од Кина

Брисел планира да ги принуди компаниите во Европската унија клучните сировини и компоненти да ги набавуваат најмалку три различни добавувачи, во обид да се намали зависноста од Кина.

Како што објавува лондонски „Фајненшл Тајмс“, новите правила би се однесувале на компании во повеќе стратешки сектори, како хемиската индустрија и производството на индустриски машини, при што би било ограничено учеството на еден добавувач на околу 30 до 40 отсто од набавките. Остатокот би морал да се обезбедува од најмалку три други коминтенти од различни земји.

Мерките се дел од пошироките напори на ЕУ да ја намали изложеноста на ризици поврзани со доминацијата на Кина во преработката на клучни минерали што се користат во производство на полупроводници, електрични возила и напредно оружје.

Комесарот за трговија на Европска унија, Марош Шефчович, исто така најавува можни казнени царини за кинески хемикалии и машини, со цел да се намали трговскиот дефицит и да се заштитат европските компании од „трговска агресија“.

Паралелно, Шефчович и американскиот државен секретар, Марко Рубио, потпишале меморандум за соработка во областа на критичните минерали.

Предлозите треба да бидат разгледани на состанок на Европската комисија на 29 мај, а можно е да бидат одобрени од лидерите на ЕУ до крајот на јуни

Маркетинг
Ad 1
Ad 1