Connect with us

Свет

Стармер нема да определи временска рамка за повлекување од лидерската позиција во Лабуристичката партија

Британскиот премиер Кир Стармер нема да објави временска рамка за негово повлекување од лидерската позиција во владејачката Лабуристичка партија, а со тоа и од премиерската функција, изјави неговиот заменик Дејвид Лами.

Лами за „Скај њуз“ истакна дека „нема да има распоред за повлекување“, додавајќи дека во текот на вчерашниот ден двапати разговарал со премиерот.

Изминатиот период во Обединето кралство се засилија шпекулациите за можна смена на лидерот на Лабуристичката партија, што автоматски би значело и промена на премиерската функција.

Во политичките кругови се споменуваа неколку можни наследници, меѓу кои поранешниот министер за здравство, Вес Стритинг, градоначалникот на Манчестер, Енди Барнам и поранешната министерка, Анџела Рајнер.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1