Connect with us

Свет

Германија ќе инвестира милијарди евра во зајакнување на цивилната заштита

Германија планира значително зголемување на трошоците за цивилна заштита како одговор на зголемени безбедносни закани.

Министерот за внатрешни работи, Александер Добринт, во интервју за весникот „Билд“ истакна дека Владата ја засилува заштитата на населението и системот за цивилна одбрана, најавувајќи и поостар одговор на државата кон хибридните закани.

Тој нагласи дека ќе се зајакне и поддршката за волонтерите во службите за итна помош, додека воените структури и цивилната заштита ќе бидат потесно интегрирани со цел подобрување на безбедноста и отпорноста на државата.

Според информациите што „Билд“ ги заснова врз владин нацрт-документ, Германија подготвува специјална програма за финансирање на предвидените активности вредна околу десет милијарди евра.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1