Свет
Две жртви, илјадници евакуирани во земјотрес што го потресе југозападниот дел на Кина
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени рано изутринава ја потресе југозападната кинеска провинција Гуангси, при што загинаа две лица, а повеќе од седум илјади жители на градот Лиужоу се евакуирани, јавуваат државните медиуми.
Според извештаите на „Си-Си-Тиви“ и агенцијата „Синхуа“, уште едно лице се води како исчезнато, а четири се хоспитализирани, но без повреди опасни по живот.
Во потресот се урнале 13 згради, додека железничките власти предупредија на можни прекини во сообраќајот поради проверка на инфраструктурата.
Според државните извештаи, и покрај ислниот потрес комуникациските, електричните, водоводните и системите за достава на гас во погодената област функционираат нормално.
мај 18, 2026
