Фудбал
Манчестер Јунајтед го потврди третото место со триумфот над Нотингем Форест
Екипата на Манчестер Јунајтед сезонава во Премиер лигата ќе заврши на третата позиција откако во денешниот прв дуел од 37.коло на Премиер лигата го совлада Нотингем Форест со 3:2. Манчестер Јунајтед има 68 бодови или шест повеќе од Астон Вила, која е на четвртото место, а девет помалку од Манчестер Сити со 77.
Манчестер Јунајтед поведе во 5.минута со голот на Лук Шоу, додека на стартот од вториот дел гостите изедначија преку Морато. Матеус Куња донесе водство од 2:1 за „црвените ѓаволи“ во 55.минута, а третиот гол за домашните го постигна Брајан Мбеумо во 76.минута. Две минути подоцна Морган Гибс-Вајт ги постави конечните 3:2.
Денеска попладне ќе се одиграат уште пет дуели од 37.коло (претпоследно) во Премиер лигата.
мај 18, 2026
