Кошарка
ЛА Лејкерс со план за Дончиќ
Лука Дончиќ пред враќањето во Љубљана имал состанок со првите луѓе на „езерџиите“ и спортскиот сектор. Според словенечките медиуми темата на разговорот бил планот за лето и заздравување од повредата и подготовката за следната сезона.
Од клубот сакаат играчот во својата деветта НБА сезона да биде подготвен и во летото фокус да стави на рехабилитацијата и физичката подготовка.
За разлика од претходните години Дончиќ ова лето нема да настапува за словенечката репрезентација.
Словенечкиот репрезентативец првпат во кариерата сезоната ја заврши повреден и од 2.април немаше ниту еден настап и одигра само 64 натпревари.
мај 18, 2026
