Connect with us

Кошарка

Шеј Гилџус-Александер МВП на НБА лигата

Шеј Гилџус-Александер ја освои МВП наградата како најкорисен играч сезонава во НБА лигата. Тој стана 14.тиот играч во историјата на НБА лигата, кој ова признание го освојува две сезони една по друга, пренесува ЕСПН. 

Гилџус-Александер играчот на Оклахома Сити, е поуспешен од другите двајца финалисти Виктор Вембањама од Сан Антонио и од Никола Јокиќ од Денвер. Тој е првиот бек по Стеф Кари, кој ја добива наградата.

Во текот на целата сезона имаше просек од 30 поени по натпревар со процент на шут од 55 отсто. Од бројките што ќе останат во историјата ќе биде запишано дека никогаш немаше под 20 поени по натпревар. Неговата статистика е неверојатна со +788 индексот плус/минус или за повеќе од 100 индекс поени пред вториот Вембањама.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1