Connect with us

Свет

Протести во Виена поради учеството на Израел на Евровизија

Неколку илјади луѓе денеска протестираа на улиците на Виена поради учеството на Израел на Избор на песна за Евровизија. Тие го обвинија организаторот на Евровизија за лицемерство бидејќи дозволил учество на Израел, а на Русија и беше откажано учеството во 2022 година поради инвазијата врз Украина.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Слободна Палестина“ и „Блокирајте ја Евровизија“.

Шпанија, Холандија, Ирска, Словенија и Исланд го бојкотираат  овогодишното издание на музичкиот натпревар во знак на протест против воената кампања на Израел во Појасот Газа.

Палестинскиот амбасадор во Виена, Салах Абдел Шафи пред демонстрантите изјави дека учеството на Израел „е навреда за уметноста, културата, музиката и човештвото“ и го обвини Израел за геноцид и етничко чистење.

Израелската влада ги негира обвинувањата.

Безбедноста, пред денешната финалната вечер на Евровизија е засилена, а полицијата се подготвува за повеќе демонстрации. Воведени се строги безбедносни мерки на местото на одржување и во областите одредени за разни настани по концертот, при што се спроведуваат темелни проверки. Воведена е и забрана за летови со дронови. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1