Connect with us

Свет

Најголемиот американски носач на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ по 11 месеци се врати во Вирџинија

Најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ денеска се врати во својата база Норфолк во Вирџинија по 11 месеци поминати на море и учество во воената операција за апсење на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, а учествуваше и од војната против Иран.

Бродот „УСС Џералд Р. Форд“ исплови од Вирџинија во јуни минатата година и се упати кон Средоземното Море. Во октомври, беше пренасочен кон Карипско Море како дел од најголемото поморско распоредување во тој регион во изминатите децении. На почетокот на март, пред да го помине Суецки Канал и да вплови во Црвено Море учествуваше во почетните фази од војната со Иран.

Според Американскиот поморски институт „УСС Џералд Р. Форд“ помина 326 дена на море, што е најдолго распоредување на американски носач на авиони во изминатите 50 години и рекорд за периодот по Виетнамската војна.

Подолго траеја распоредувањата на носачот на авиони „УСС Мидвеј“ во 1973 години – 332 дена и на „УСС Корал си“ во 1965 година, кога бродот беше 329 дена на море.

Престојот на „УСС Џералд Р. Форд“ на море отвори прашања за последиците за членовите на морнарицата кои се отсутни од дома подолго време, како и за дополнителното оптоварување на бродот и неговата опрема.

Најголемиот носач на авиони денеска со два придружни брода разурнувачи се закотвија во поморската база во Норфолк. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1