Connect with us

Фудбал

Ефикасни натпревари во ПФЛ

На трите дуели одиграни попладнево во рамки на 32.коло од Првата фудбалска лига беа постигнати 17 голови или речиси шест по натпревари. Најефикасно беше на дуелот меѓу Шкупи и Работнички каде гостите победија со 7:0 воедно тоа беше и единствената победа, додека на другите два дуела немаше победник.

Во Куманово Башкими и Македонија ЃП одиграа нерешено 3:3, а домашниот Башкими ја испушти предноста од 3:1, додека во Кавадарци Тиквеш водеше со 2:0, а Пелистер изедначи со двата гола на Мирко Ивановски и до крајот на дуелот на Пелистер му беа поништени два гола по ВАР проверката.

На вчера одиграните натпревари беа постигнати следниве резултати: Струга – Вардар 0:1, Силекс – Арсими 0:1 и Шкендија – Брера 2:1.

Табела: Вардар 80 бодови, Шкендија 74, Струга 62, Силекс 53, Тиквеш 45, Арсими 43, Башкими 42, Пелистер 37, Брера 37, Работнички 33, Македонија ЃП 31, Шкупи 1.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1