Фудбал
Семењо со прекрасен гол му донесе пехар на Манчестер Сити во ФА купот
Фудбалерите на Манчестер Сити освоија уште еден пехар откако во финалето на ФА купот на Вембли во Лондон го совладаа Челзи со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Семењо во 71.минута. Тој на атрактивен начин со „петица“ ја затресе мрежата на Челзи по асистенцијата на Ерлинг Халанд.
До крајот на натпреварот екипата на Пеп Гвардиола успеа да го зачува водството од гол предност.
За екипата на Манчестер Сити ова е осми трофеј во најстарото фудбалско натпреварување и на тој начин се изедначи по бројот на пехари со Челзи, Ливерпул и Тотенхем, а најуспешен е Арсенал со 14 титули.
мај 17, 2026
