Фудбал
Левандовски го потврди заминувањето од Барселона
Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски потврди дека на крајот од сезоната ќе ја напушти Барселона. Тој својата одлука ја објави на социјалните мрежи.
„По четири години полни со предизвици и напорна работа, време е да заминам понатаму. Заминувам со чувство дека мисијата е завршена. Четири сезони – три трофеи, напиша Левандовски.
Тој истакна дека никогаш нема да го заборави живото во Барселона и дека од првиот ден беше прифатен од навивачите, а благодарност упати и до претседателот Жоан Лапорта.
Полскиот напаѓач во Барселона дојде во 2022 година од Баерн и настапи на 191 натпревар и постигна 119 голови со 24 асистенции.
мај 17, 2026
