Фудбал
Нојер потпиша нов договор со Баерн
Прославениот голман на минхенски Мануел Нојер потпиша нов договор со баварскиот гигант до јуни 2027 година.
„Баерн имал многу фантастични голмани низ својата богата историја, а Нојер дефинитивно е на таа листа. Тој е вистински модел на теренот и надвор од теренот. Горди сме на тоа како тој го обликуваше нашиот клуб откако е со нас“, изјави вечерва претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.
Четириесетгодишниот Нојер му се приклучи на Баерн од Шалке во 2011 година и досега освои 33 трофеи со клубот од Минхен, вклучувајќи и две титули во Лигата на шампиони.
„Не брзав да донесам друга одлука и сега сум многу среќен што останувам во Баерн. Сè оди добро тука“, изјави Нојер по потпишувањето на новиот договор.
Нојер има вкупно 597 настапи за Баерн, од кои на 269 не прими гол.
Оваа сезона, тој повторно имаше важна улога во освојувањето на германската титула, додека Баерн претрпе елиминација во полуфиналето на Лигата на шампиони од бранителот на титулата ПСЖ.
Нојер се пензионираше од германската репрезентација по Европското првенство во 2024 година, но во локалните медиуми има сè повеќе извештаи дека селекторот Јулиан Нагелсман би можел да го вклучи ветеранот во националниот тим за Светското првенство ова лето.
мај 16, 2026
