Фудбал
Инасио останува во Борусија Дортмунд до 2029
Италијанскиот фудбалер Самуеле Инасио го продолжи денеска договорот со Борусија Дортмунд до јуни 2029 година.
Инасио дојде во Борусија во 2024 година од редовите на Аталанта.
Оваа сезона, 18-годишниот Инасио одигра шест натпревари во Бундеслигата, а го постигна својот прв гол за Дортмунд во победата од 3:2 против Ајнтрахт Франкфурт.
„Многу сум среќен во Дортмунд и горд што дебитирав во Бундеслигата во овој голем клуб. Чувството да го постигнам првиот гол пред „жолтиот ѕид“ беше неверојатно и сакам да прославам уште многу успешни моменти со мојот тим и навивачите во иднина“, рече Инасио.

