Connect with us

Свет

Трамп: Рускиот напад врз Киев може да ги попречи мировните напори

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека смртоносниот руски напад врз станбен блок во Киев, во кој беа убиени 24 лица, вклучувајќи три деца, може да ги попречи напорите за мирно решавање на војната во Украина.

Трамп пред новинарите во владиниот авион „Ер Форс 1“, со кој отпатува од Пекинг, изјави дека разговарал за конфликтот во Украина со кинескиот претседател Шји Џјинпинг и дека двајцата изразиле желба борбите да прекинат.

– Сакаме ова да се реши. До синоќа работите изгледаа добро, но тие (Украинците) претрпеа голем удар … Така што, ќе дојде до тоа (прекин на војната), но жално е – рече Трамп во врска со рускиот напад.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика меѓународната заедница да ја казни Москва за нападот врз станбениот блок.

Во меѓувреме, Москва соопшти дека синоќа во украински напад со дронови врз рускиот град Рјазан биле убиени четири лица, вклучувајќи и едно дете.

И двете страни негираат дека извршуваат целни напади против цивили. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1