Connect with us

Општини

Општина Кочани поставува видео надзор за спречување диви депонии

Општина Кочани започна со поставување видео надзор на локациите каде најчесто се создаваат диви депонии, со цел да се спречи несовесното фрлање отпад и загадувањето на животната средина.

Како една од критичните точки е посочен просторот околу комплексот АСНОМ, каде, особено за време на викендите, повторно се создаваат купишта отпад, иако контејнерите се отстранети, а поставени се и предупредувања за забрана за фрлање смет.

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, изјави дека преку видео надзорот ќе се идентификуваат несовесните граѓани и најави санкции за сите прекршители.

Од локалната самоуправа апелираат граѓаните да покажат поголема одговорност и активно да придонесат за почиста и поздрава животна средина во Кочани.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1