Општини
Асфалтиран патот кон охридското село Завој
Со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид асфалтиран е локалниот пат кон селото Завој.
Станува збор за локален патен правец што од магистралниот пат Охрид- Ресен води кон планинското село, што се наоѓа северно од градот.
Градоначалникот Кирил Пецаков на својот фејсбук профил објави дека проектот е во насока на патната мрежа на целата територија на Општина Охрид.
-Ги поврзуваме сите населени места и го олеснуваме секојдневието на нашите сограѓани. Создаваме услови за локален економски и туристички развој. Продолжуваме со реализација на капитални проекти кои носат добробит за сите граѓани- порача Пецаков.
мај 16, 2026
