Connect with us

Општини

Асфалтиран патот кон охридското село Завој

Со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид асфалтиран е локалниот пат кон селото Завој.

Станува збор за локален патен правец што од магистралниот пат Охрид- Ресен води кон планинското село, што се наоѓа северно од градот.

Градоначалникот Кирил Пецаков на својот фејсбук профил објави дека проектот е во насока на патната мрежа на целата територија на Општина Охрид.

-Ги поврзуваме сите населени места и ​го олеснуваме секојдневието на нашите сограѓани. Создаваме услови за локален економски и туристички развој. ​Продолжуваме со реализација на капитални проекти кои носат добробит за сите граѓани- порача Пецаков.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1