Вести
Гаши со поддршка за унапредување на женското учество и лидерство во јавниот и политичкиот живот
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Форумот на жените на АК Парти, Тугба Ишик Ерџан, како и со пратеничката од Големото народно собрание на Република Турција, Рукије Генч Тој, кои престојуваат во Скопје во рамките на конференцијата организирана како дел од програмата „Од срце до срце“ (Gönülden Gönüle) за Балканот.
Како што соопштија од кабинетот на Гаши, на средбата претседателот на Собранието им честитал за вредната иницијатива и за успешната организација на конференцијата, при што биле разменети мислења и искуства за зајакнувањето на улогата на жените и значењето на нивното претставување во јавниот и политичкиот живот. Воедно, тој ја изрази својата целосна поддршка за унапредување на женското учество и лидерство.
– Соговорниците ја оценија средбата како пријателска и конструктивна нагласувајќи дека таа претставува значаен придонес кон продлабочување на дијалогот, меѓусебната соработка и пријателските односи – стои во соопштението.
мај 16, 2026
