Connect with us

Вести

МВР предупредува: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи предупредуваат дека е забележана зачестена појава во изминативе денови, непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 да испраќаат пораки на македонски корисници за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка на лажна веб страница http://mvr.govmk.cam/mk .

Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, тој води на лажна веб страница на МВР каде се бара да се внесе регистарска табличка од возилото и потоа носи на нов прозорец каде е регистриран прекршок и се бара наплата од 1500 денари.

– Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба, велат од МВР.

Исто така Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи со цел да не наседнуваат на измами од ваков тип.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1