Connect with us

Вести

Филков: Очекувам транспарентност и одговори од ОЈО ГОКК врз основа на кои аргументи е запрена истрагата за мазутот

Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница, вели министерот за правда Игор Филков во реакцијата за запирањето на истрагата за набавката на мазут во ТЕЦ „Неготино“.

– Како министер за правда, сметам дека оваа одлука мора итно да биде преиспитана. Очекувам целосна транспарентност од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и јасни одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена ваквата одлука.  Истовремено очекувам Советот на јавни обвинители и надлежните институции да отворат прашање за одговорноста на Ислам Абази, затоа што ваквите одлуки директно ја рушат довербата на граѓаните во правосудниот систем, наведува Филков.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1